Владата го предложи измените на ДДВ и акцизите по итна постапка – на ред е Собранието

Владата денеска ги испрати до Собранието измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.Измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.Овие измеени се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Претходна вестЗаврши средбата на украинскиот и рускиот министер, нема напредок
Следна вестЃоковиќ нема да игра на турнирите во САД бидејќи не е вакциниран против ковид