Еднократна финансиска поддршка за справување со потешкотиите настани поради Ковид-19 кризата во висина од 500.000 евра доделила Владата на општина Арачиново. Ова било решено на последната владина седница при што во владиното соопштение беше наведено дека оваа неповратна финансиска помош е за справување со потешкотиите во тековното работење. Меѓутоа, детално објаснување за какви се прпблеми се соочила ова општина нема.
Со тоа се отвора прашањето по кои критериуми е определно токму Арачиново да добие толку голема неповратна финансиска помош? Таа не е единствена општина која што има потешкотии во време на кризата со корона вирусот, дури не е ни најпогодена во однос на бројот на заболените лица. Не се наведува ниту за што конкретно ќе бидат наменети парите и кои органи со нив ќе располагаат. На сите овие прашања на кои јавноста чека одговор вчера немаше објаснување од владините служби.