Владата на денешната седница ќе ги укине економските директори на клиниките

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи, соопштија денеска од македонската Влада.

Во објавата на владината интернет страница с енаведува дека оваа промена има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.

-Според новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето. Со оваа реформа, Владата се надева дека ќе ги подобри условите и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, овозможувајќи поголема транспарентност и отчетност во работата на здравствените установи, се наведува во соопштението.

 

Претходна вестКоалицијата ВРЕДИ му одговори на лидерот на ЗНАМ: Максим Димитриевски да не ги оспорува симболите на албанскиот идентитет
Следна вестВетер собори дрво кое повреди жена во Скопје