Владата не треба да слави 1 Мај!

Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Денеска се прославува денот на работниците. Го прославува ли македонската Влада? Да.

А, дали треба да го прославува?

Денов е за работниците. Какви работници се во Владата? Имаат ли премиерот и министрите работнички успеси со кои ќе се пофалат на овој ден? Кои неопходни работи за доброто на Македонија се завршени како што треба, па ете сега да се прослави работничкиот успех?

Денеска е денот на работникот. Дали Владата барем ги штити нивните права? Колкумина работници се со неисплатени или намалени плати под притисок од газдите, а за тоа скоро и да не се гонети од инспекциите? Колку работници починаа на работно место поради непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа? Колкумина работници…

Затоа, Владата и не треба да го прославува денот на работникот. Таа прво треба да почне да работи.

Инаку, за потсетување: Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите за време на штрајкот што во 1886 година се одржла во Чикаго на кој се барало осумчасовен работно време.

Во повеќето држави низ светот се одржуваат протестени маршеви. Во Македонија, 1 Мај е прогласен за неработен ден и пред се поминува со правење скара на полјанките.

 

Претходна вестАрхеолошки системски истражувања на две локации во Скупи
Следна вестОблаците ќе го прекриваат небото, температура до 28 степени