Темен режим Режим на светлина

Облаците ќе го прекриваат небото, температура до 28 степени

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Во Скопје денеска се очекува умерено до значително облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

Умерено до значително облачно и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец се очекува и на другите подрачја во земјава. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во недела ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата не треба да слави 1 Мај!

Следна објава

Каде е правдата, а каде немирот?