Владата на вчерашната седница донесе и одлука да огласи како ништовни – одлуки, коишто, според информацијата од дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, се донесени еднострано, односно само од министерот за труд и социјална политика.
Станува збор за поништување на решение за разрешување директор на ЈУ Центар за социјална работа – Кочани и за именување нов в.д. директор на оваа установа, на што Владата има право, како второстепен орган, согласно Законот за општа и управна постапка.
Согласно Законот за Влада на Македонија, дополнителниот заменик на министерот за труд и социјална политика, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи. А, ако актот или документот е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство.