Владата преживеа, Заев си честиташе со министрите во скоро празната собраниска сала

Владата на СДСМ и ДУИ преживеа синоќа во парламентот. Имено, без изјаснување на пратениците за довербата во Владата пред полноќ заврши собраниската седница која ја иницираа опозициските пратеници со цел да се изгласа недоверба на кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев. Во отсуство на пратениците од опозицијата претседателот на парламентот Талат Џафери за затвори седницата.

– Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата продолжува да работи во полниот состав, рече Џафери.

На затворањето на седницата вечерва беа присутни само пратеници на власта, како и премиерот Зоран Заев кој си честиташе со министрите.

До ваквиот епилог дојде по многу контроверзи случени на почетокот на собраниското заседание. На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Беса, бараше седница за гласање на доверба не и успеа да собере потребно мнозинство од 61 пратеник за да започне седницата. Тие имаа вкупно 60 присутни пратеници откако пратеникот на Беса Кастриот Реџепи под чудни околности реши да не учествува во работата на седницата и да гласа за недоверба во Владата. Спикерот Талат Џафери, пак, откако почна со председавањето со седницата реши да ја напушти салата и со што немаше потребен кворум од 61 пратеник.

Подоцна следеа неколку паузи, а од редовите на опозицијата се уаптија тешки обвинувања до власта дека организирала киднапирање на пратеникто Кастриот Реџепи со цел тој да се откаже од учеството на седницата.

-Денес во Македоинија се погази демократијата и сите ќе одговараат за ова. Беше киднапиран пратеник, беа земани мобилни телефони од пратениците и беа затворани во простории во собранието. Бараме брзи предвремени избори во најбрз можен рок, рече Александар Николовски, од ВМРО – ДПМНЕ.

Во текот на денот пратеникот Кастриот Реџепи се појави и со видео-изјава објавена на на Фејсбук во која кажува дека не е киднапиран. Но, лидерот на Беса Билал Касами изјави дека е убеден дека тоа е направено под присила.

-Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека „ да, знаеме каде е пратеникот“, нагласи Касами.

Од друга страна, Артан Груби од ДУИ, рече дека нема причина за вознемиреност околу пратеникот Реџепи бидејќи „неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“.

Од СДСМ , пак, најавија дека нивното коалициско мнозинство ќе расте.

-Ќе оставиме партиите сами да соопштат утре, најави координаторот на СДСМ, Јован Митрески.

Претходна вестАпасиев: Вака власта може да дојде и до 90 пратеници
Следна вестДали Алтернатива на Гаши претпладне ја руши владата, а попладне ќе стане дел од неа?