Апасиев: Вака власта може да дојде и до 90 пратеници

Откако беше видливо дека нема да се успее во формирање на ново парламентарно мнозинство лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев синоќа изјави дека следните чекори на опозицијата треба да бидат политичка радикализација на вкупното дејствување. Според него последните случувања во и околу парламентот покажале дека власта делува како мафија.

Опозицијата мора да се радикализира, што подразбира и протести и блокади и други методи истакна тој бидејќи демократијата е во парализа.

-Очигледно дека власта ги користи сите расположливи полуги. Власта примени мексиканско сценарио. Ова е картел, мафија. Претседателот Пендаровски треба сериозно да размисли што се случува во земјава. Пратеник е исчезнат. Снимката покажува многу нешта, мене ми изгледаше како тој пратеник да е пред егзекуција, како на снимки од терористички организации. Ситуацијата е опасна. Јас сум на тој став дека е потребна радикализација на методите на опозицијата. Очигледно е дека власта не заминува ‘милум’. Вака власта може да дојде и до 90 пратеници. Се губи смисла на изборите. Оваа ситуација е неодржлива, истакна Апасиев.

Претходна вест„За македонскиот јазик“ на Блаже Конески доби унгарско издание
Следна вестВладата преживеа, Заев си честиташе со министрите во скоро празната собраниска сала