Владејачкото мнозинство го разреши опозиционерот Зендели од Комисијата за избори и именувања

Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието го разреши пратеникот Фадил Зендели од Беса од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски реагираше што над 400 амандмани испратени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до архива и се уредно примени не се разгледани. Тој посочи дека целта на опозицијата не била да бранат пратеник, ентитет или одредена политичка партија туку, како што рече, ја брани и сака да ја заштити процедурата која вие упорно ја кршите во оваа парламентарна зграда.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека амандманите се доставени и тој како претседател на Парламенот има рок од три дена да ги разгледа. Нагласи дека тој рок не е надминат, дека треба да се прегледаат сите амандмани и во дадениот рок ќе добијат соодветен одговор.

 

Претходна вестЕвроамбасадорот: Односот на Русија кон во Украина не се споредува со оној на Софија кон Скопје
Следна вестИ родителите да учествуваат во ревизијата на концепцијата за основно донесена од Царовска