Нема да има пролонгирање на роковите за завршните сметки, им одговори усно министерот за економија Крешник Бектеши на сметководителите кои неколку минути пред неговата прес-конференција го упатија ова барање, со образложение дека не можеле да стигнат бидејќи речиси половината имале ковид.
-Веќе направиме консултации во рамки на институциите и како Министерство за економија, заедно со Министерството за финансии, УЈП и Централниот регистар одлучивме да нема пролонгирање на роковите за завршните сметки. Мислиме дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, изјави Бектеши.
Десетина минути претходно, пред Министерството за економија, прес-конференција одржаа од Комората на сметководители, на која беше речено дека дури 4.900 од 10.000 сметковдители биле болни од ковид во овој период, а голем дел биле и во изолација поради што побараа рокот за доставувањето на годишните извештаи и завршните сметки да се пролонгира до 31 март, бидејќи за тоа постои можност без законски измени.