Властите да напишат благодарница до ветерот кој го намали загадувањето во Скопје  

Попладневниот умерен ветер и дожд го расчистија воздухот во Скопје кој утринава и околу пладне беше бајаги загаден. Благодарност до ветерот освен скопјани посебно треба да испратат градската и централната власт, не ќе мора да почнат да мислат што ќе прават со загадувањето – треба само да го замолат и наредните денови да дува.

Намалената загаденост ја потврдуваат и најновите податоци на двете најпознати интернет страници кои го мерат загадувањето на воздухот во светските метрополи. Така, според интернет – страницата Iqair.com македонската меторопола попладнево околу 16 часот се најде на дури 43-то место меѓу светските метрополи според загаденоста на воздухот. Индексот на загаденоста е 65, а што повлекува ознака дека се работи за умерено загадувањето при што се предлага редуцирање на физички активности надвор но, сепак и носење на маските. Пак е најголема застапеноста на ПМ2,5 честички  – 19 микрограми на метар кубен воздух, а што е многу помалку отколку во претпладневните часови.

Намалувањето на загаденоста го покажува и втората интернет страница waqi.info. И на неа згаденоста е драстично намалена: во Лисиче – 5 микрограми, на булеварот „Трета македонска бриугада“ е 18 микрограми , а во Центар – 8 микрограми.

Инаку, загаденоста на воздухот во Скопје значитлено се влоши во текот на претпладневото кога Скопје се најде на петто место во светот според загаденоста на воздухот.  Најголемо беше присуството на штетните ПМ2,5 честички – 97,3 микрограми во метар кубен воздух, а на ПМ10 честички – 131,7 микрограми.

Утрово, во 8 часот Скопје беше рангирано на 9-то место во светот според присутноста на штетните честички.

Надлежните денеска не се огласија со ниту една најава за преземање на некакви мерки. Среќа тоа го виде ветерот па ги презема конците во свои раце.

Претходна вестДелиите со порака до „богаташите“ од Сити: Кога фудбалот не беше само пари – светски шампиони 1991!
Следна вестУапсени двајца малолетници од Скопје: со остар предмет нападнале 14-годишник