Делиите со порака до „богаташите“ од Сити: Кога фудбалот не беше само пари – светски шампиони 1991!

Навивачите на Црвена Ѕвезда имаа забележителни кореографии на натпреварот од последното коло во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Натпреварот во Белград немаше натпреварувачки набој се до почетокот на натпреварот бидејќи веќе се знаеше дека Црвена Звезда ќе заврши на последното место во групата, а Сити ќе биде прв.

Но, Делиите не пропуштија да се покажат во вистинско светло пред светот против актуелниот шампион на Европа. Тоа ги понесе и фудбалерите па имаше одличен натпревар кој сепак до доби „Сити“ со 3:2.

Навивачката кореографија на целата Маракана пред почетокот на натпреварот стана вирална, а потоа на северната трибина развирија големи транспаренти со порака до гостите:

„Времето кога фудбалот не беше само пари. Светски шампиони во 1991 година“.

Со ова Делии се потсетија на годината кога Ѕвезда, актуелниот европски првак, со победата над чилеанскиот Коло Коло стана неофицијален светски првак. И го буцна „Сити“ дека сега постигнува резултати со многу милиони евра.

Претходна вестПоранешен командант на ОВК осуден на 22 години затвор
Следна вестВластите да напишат благодарница до ветерот кој го намали загадувањето во Скопје