Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во партиското соопштение наведе десет прочини зошто проектот ветување за ЕУ на Зоран Заев е мртов и зошто тој треба да си го испочитува своето ветување за оставка. Во соопштението се наведува дека следните десет причини се доказ зошто Зоран Заев е најголемиот непријател на идејата за Европската унија:
1. Со Зоран Заев премиер ѕвонат црвени телефони во медиуми каде стигаат нарачки за цензурирање на лидерот на опозицијата.
2. Зоран Заев прави бизниси со контраверзни анти ЕУ и анти НАТО бизнисмени како што е бизнисменот Дака со кој купува со панамски пари земјиште во Тетово бизнис вреден 200 милиони евра.
3. Секоја година Зоран Заев ветува дека ќе добиеме датум за избори и сеуште сме надвор од Европската унија.
4.Амнестиран криминалец и измамник како Заев во Европа служи за потсмев и е голем срам.
5. Зоран Заев со главниот гробар Филипче се директно одговорни за катастрофата со над 1100 мртви од корона заразата.
6. Пола милион граѓани живеат во сиромаштија со помалку од 2 евра на ден.
7. Не може во Европа со куфери Луј Витон рекет кој се заташкува затоа што парите според сведоштвото на осудениот Јовановски завршиле директно кај Зоран и Вице Заев.
8. Зоран Заев се што вети излажа, нема бесплатно здравство, нема 500 евра просек плата, нема странски инвестиции.
9. Зоран Заев донесе неправда и нарачува политички прогон додека криминалците седат во неговиот скут.
10. Местото на Зоран Заев не е во премиерски кабинет, туку во затвор, човекот е бизнис тајкун кој ја цица државата, стои во партиското соопштение.