ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги урне и дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид

Кога веќе Владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип бараме Владата бесплатно да ги урне и следниве дивоградби: дивата платформа на Матка, во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден, дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар, како и дивоградбите по должина на охридското крајбрежје. Доколку не го направи ова, Владата покажува дека сето ова е евтин театар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка. За ВМРО-ДПМНЕ, смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради.

-Логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време, се додава во соопштението.

Претходна вестИ сонце и облаци, пад на температурите
Следна вестЌе мора ли Владата да решава и за сите други уривања на дивоградби?