-Ова е екоцид за кој некој мора да одговара. Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?, прашува ВМРО ДПМНЕ.
Од таму забележуваат и дека се замолчени активистите кои до пред некое време беа гласни против загадувањето во било која смисла.