ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да си даде оставка и кривично да одговара

Поради сите фамилии завиени во црно Венко Филипче треба да си даде оставка која во вакви услови е премал чекор. Секој кој ќе го загрози здравјето на граѓаните треба и кривично да одговора, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека неспособноста на Венко Филипче во последното деноноќие закопа 30 граѓани.

-Филипче и Зоран Заев завија во црнина 30 семејства. Се гледа дека на Филипче му оди со црни рекорди! Неспособниот Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓанитеНеспособниот Филипче наоѓа време само за свои бизниси и тендери и за луѓе од власта. Филипче го уништи здравствениот систем, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека поради тоа што јавните здравствени установи не се подготвени за справување со последиците од корона кризата, поради тоа што пациенти умираат по пат до болница или во болнички ходници, поради тоа што нема лекови, поради тоа што медицинскиот персонал е исцрпен, а и незадоволен Филипче треба да замине од функцијата министер за здравство. 

Претходна вестГази Баба и Карпош му се доближуваат на Аеродром според бројот на активни случаи на вирусот
Следна вестПо Скопје вчера крстареле 49 возачи без возачка дозвола, а колку полицијата не фатила…