ВМРО-ДПМНЕ: Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана

Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија смета дека граѓаните одвај преживуваат.

-Тие луѓе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани. Со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки, се наведува во соопштението.

Партијата додава дека во исто време сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот.

-И тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје. Граѓаните бараат одговорност, а одговорноста ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори, се наведува во соопштението.

Претходна вестВо Скопје се роди четворка – на свет дојдоа три момчиња и едно девојче
Следна вестПродолжениот викенд ги опушти скопските возачи: 252 казнети, 177 возеле пребрзо, 18 биле без дозвола…