ВМРО-ДПМНЕ: Голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Уставот

Дел од пратениците на СДСМ не подржуваат уставни измени и би гласале против, тврдат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова според нив е и причината поради која Ковачевски се плаши да ја почне процедурата за промена на Уставот

– За приказните на Ковачевски дека едно се зборело пред јавноста, а друго пред амбасадорите добро е Ковачевски пред да растура пердуви, да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Ковачевски.

Втора работа цела година Димитар Ковачевски кажува дека има мнозинство не знаеме зошто и сега дефокусира со ВМРО-ДПМНЕ и му се потребни, ако е уверен дека има пратеници, нека одат во собрание да проверат дали е така.

Вистината е дека не само што нема мнозинство, одговорно тврдиме дека голем дел од пратениците на СДС не поддржуваат уставни, затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени, и само растура пердуви.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени бидејќи не даваме кредибилитет на некредибилен процес. Нашиот став за уставни измени е непроменет и ова собраниски состав нема легитимитет за тоа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку дојде до дебата во Собрание за уставните измени тие ќе ги кажат нивните аргументи.

Претходна вестМисијата на астронаутите од SpaceX Crew-5 заврши, Dragon ќе слета утре во Флорида
Следна вестБелорусија воведува смртна казна за велепредавство