Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе продолжи со протести и блокади на крстосниците во Скопје. Во 16 часот ќе започне со блокада на улиците кај Влада, МНР и Министерството за правда, а ќе трае до 17 часот.
Освен ова, простести на граѓаните ќе продолжат и во 20 други градови во земјава: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.
Оваа партија и денеска соопшти дека протестите се со цел да се порача дека премиерот Зоран Заев треба да си даде оставка.
-Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја. Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на протестите.