ВМРО-ДПМНЕ и денеска со блокади во Скопје: Заев тргува со идентитетот, јазикот и историјата

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе продолжи со протести и блокади на крстосниците во Скопје. Во 16 часот ќе започне со блокада на улиците кај Влада, МНР и Министерството за правда, а ќе трае до 17 часот.

Освен ова, простести на граѓаните ќе продолжат и во 20 други градови во земјава: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.

Оваа партија и денеска соопшти дека протестите се со цел да се порача дека премиерот Зоран Заев треба да си даде оставка.

-Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја. Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на протестите.

Претходна вестЗагрижените граѓани не му веруваат на Заев иако тој вчера ги смируваше
Следна вестСе обидел да ја убие сопругата со секира, па се самоубил