Додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланини, по багателни цени, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија укажува дека 600.000 граѓани се на работ на егзистенција.
– Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и овие производи ги прогласија за луксуз. Во Македонија веќе до крајот на оваа година, според меѓународните организации 600 илјади граѓани ќе живеат на самиот раб на егзистенција, а околу 80 илјади граѓани, живеат живот, со помалку од едно евро на ден, се нагласува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека ваква безидејност и бедотија никогаш немало во Македонија.
-Тоа ќе се смени набрзо и новата влада, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, веднаш ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните, се вели во партиското соопштение.