ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо

Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу, а  зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение најголемата опозициска партија наведува дека за само година ипол горивата поскапеа за 70 проценти, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата.

-За високите цени пред се е виновна владата на СДСМ и ДУИ, кои откако дојдоа до денес ги зголемија акцизите за 13.13 денари. Тоа значи дека без акцизата која ја зголеми оваа влада сега горивата ќе беа околу од 72 до 75 денари за литар. Раст на цените во малопродажба има и кај основните намирници како брашно, млеко и леб. Цената на лебот е зголемена и за 110 отсто, се потенцира во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30 проценти.

-Тоа е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50 проценти, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз, нагласи оваа партија.

 

Претходна вестЈавно обвинителство: Во извидничкиот камп не се ширела детска порнографија
Следна вестКонечно се попишавме: Во Македонија живеат 1.836.713 лица