Власта сака да ослободи криминалци блиски до нив од затвор, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите средства да ја блокира намерата на СДС и ДУИ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија предупредува дека власта сака да го исполни ветувањето што им го дала на криминалците.
-Бројни криминалци кои се поврзуваат со власта, а кои се јавувале како извршители на СДС и ДУИ во минатото ќе бидат ослободени од затворите. Ова е ветување кои структури од власта им го давале во минатото дека ќе ги штитат. Разни деликвенти, дилери и трговци со дрога, криминалци од потежок тип ќе бидат амнестирани, наведуваат од партијата.
Се додава дека СДС и ДУИ од затвор ќе ослободат луѓе кои го нарушуваат јавниот ред и мир и внесуваат несигурност кај граѓаните.
-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе ги искористи сите демократски алатки да го спречи овој обид на власта за беззаконие, наведуваат од партијата.