ВМРО-ДПМНЕ: Клучното прашање е кој од двата предлози е прифатлив за СДСМ

Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ?Потребен е јасен и недвосмислен одговор пред било каков друг чекор, соопшти најголема опозициска партија.

Ова оваа партија потенцираат е дека тоа што Македонија има пишман премиер и тоа што главната комуникација оди преку јавни препукувања говори за тоа во каква атмосфера се носат важни одлуки.

-Да биде јасно:Уставни измени какви што понуди СДСМ под бугарски диктат не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.За СДСМ не е прифатливо членство во ЕУ и заштита на националниот идентитет. Она што беше понудено од претседателот Мицкоски е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека во таа насока беа понудени два предлози. Првиот преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, вториот избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.

Претходна вестКовачевски: Добро е што опозицијата поддржува уставни измени
Следна вестСообраќајот кон Делчево се пренасочува преку Берово- Смојмирово- Виница