Од партијата посочуваат дека „Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса. Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници“.
– Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа. Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје? Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите? Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија? Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее? прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.