Променливо облачно време со дневна температура до 14 степени

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Mинималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје значително облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.

Претходна вестСе слави Свети Климент Охридски, светител по кој се препознава македонскиот народ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците