ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС директно допринеле за смена на името на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир

Димитар Ковачевски, како заменик министер за финансии и претставник на министерството за финансии гласал за Предлог листата за менување на имињата на улиците во град Скопје. Ковачевски и СДС директно допринеле за смена на името на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата на ДУИ и СДС на две седници во 2021 година ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади, доставена од Град Скопје под водство на СДС. Целиот процес е започнат од СДС и завршен од СДС.

Лагите на СДС се препознаени од народот. Во СДС ако не знаат или Ковачевски не им кажува, нека го прашаат јавно преку соопштение од нивниот прес центар па може ќе им одговори, дека токму тој е причина за преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски упорно молчи за настаните што се случија во Тетово
Следна вестКапитенот Ристовски ја напушта репрезентацијата: Мојот однос со селекторот не е најдобар