Изненадувачка вест од фудбалскиот репрезентативен тим на Македонија. Имено, капитенот на репрезентација Стефан Ристовски ја извести јавноста дека се повлекува од репрезентација поради несогласувања со Благоја Милевски кој е селектор.
Одличниот фудбалер одлуката ја објави на социјалните мрежи во која прецизира дека со селекторот разговарал за работите кои не му се допаѓаат во и околу репрезентацијата.
-За доброто на репрезентацијата во наредниот период сакам да се повлечам од тимот, напишал Ристовски.
Тој посочува дека гледа поти во репрезентацијата работите одат во погрешна насока што го покажувале и резултатите.
Инаку, капитенската лента Ристовски ја наследи по пензионирањето на Горан Пандев кој исто така во последно време има многу забелешки за работата со репрезентацијата.