Зошто, зошто, зошто: Пречесто има трагични сообраќајки во Македонија

Нова страшна вест од македонските сообраќајници. Младо момче загина час и половина по полноќ на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце. Повредени се и три лица кои се пренесени во Општата болница во Куманово.

Жално. Загрижувачко.

Премногу често имаме вакви ситуации во Македонија. Премногу изгубени животи што е вистинска трагедија. Па, уште не стивна ниту шокот од пред 4 дена кога во тешка сообраќајка кај Росоман две лица загинаа, а три се тешко повредени.

Прашање до сите учесници во сообраќајот: Зошто овие трагедии не се доволна опомена за да бидат повнимателни и поодговорни? Секој од нас треба да отвори „четири очи“. Секој треба да е свесен дека одењето по тенката жица на македонските патишта може да не одведе да бидеме дел од црната статискита.

Прашање до полицијата: Зошто не успева МВР да ги скроти здивените возачи? Не е доволен одговор дека правеле контроли. Ете се гледа дека не се доволни.

Прашање до одговорните за патиштата: Зошто не се средат сообраќајниците низ земјава како што треба? Има многу црни точки, лоша сигнализација…

Без сериозен одговор од сите три – ЗОШТО, ќе остане само да се зголемуваат црните бројки во црната сообраќајна статистика.

 

 

 

Претходна вестКапитенот Ристовски ја напушта репрезентацијата: Мојот однос со селекторот не е најдобар
Следна вестОткриена населба стара 8.000 години на крајбрежјето на Охридското Езеро