Кузеска добро да се информира пред да излегува на прес-конференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ како реакција на ставовите на СДСМ.
Владеачката партија соопшти дека хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Оливер Спасовски, кои 8 години дозволија безредие.
-Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.
Се додава дека криминалците се осилија во времето на Спасовски.
-Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени. Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.