Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово издаде соопштение до јавноста во кое вели дека Македонија не почнува преговори со ЕУ.
-Македонија не почнува преговори, тоа е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема двотретинско мнозинство и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени, објави партијата.
Најголемата опозициска партија потенцира дека од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија.
-Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија, се додава во соопштението.