ВМРО-ДПМНЕ обвини дека коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица е против општински проекти важни за граѓаните

Коалицијата СДСМ, Левица и ДУИ не ги гласаа буџетите во Охрид, Бутел, Аеродром, Свети Николе, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица не се грижи за народот, туку само за матните зделки, кои се лепак на нивната дружба.

-Во Охрид, СДС, ДУИ и Левица не поддржаа буџет кој ќе значи реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта. Тие беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел, СДС и Левица не гласаа за новиот буџет, со кој се предвидуваат средства за уредување на кејот на реката Серава, нови улици, канализациски системи и нови спортски терени, се наведува во партискиот став.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека коалицијата СДС и Левица без ДУИ, се и против развојот на Свети Николе.

-Тие не го гласаа новиот буџет со кој се одвојуваат дваесетина милиони за нови улици и водоводни и канализациски системи, како и нова балон сала за учениците на Кочо Рацин и нов парк со Памп трака и справи за вежбање. Во Аеродром СДС и Левица не гласаа за буџетот кој значи развој на општината, а со кој се предвидени инвестиции во нови градинки, улици,  паркови и плоштади, потенцираат од оваа партија.

Се додава дека СДСМ, ДУИ и Левица се против развојот на општините низ Македонија.

-Тие се секогаш против кога нема матни зделки и тендери, како што имаат во град Скопје, каде на полноќна седница на Совет префрлаа пари на ЈСП, претпријатие управувано од кадар на СДС, кое склучува мултимилионски договори без попусти кои биле вообичаени години наназад. СДС, ДУИ и Левица се деструктивни. Со оваа коалиција Македонија тоне. Потребни се целосни промени, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестИстанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови
Следна вестСпоред СДСМ коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев предизвика катастрофа во Скопје