ВМРО-ДПМНЕ: Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите

Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија укажува дека тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава.

-Односно, ќе зависи во тој дел од друга странска држава. Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24 отсто и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76 проценти е на Грција, а 24 отсто е на Кина. Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе, соопштуваат од оваа партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини.

-Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста, се наведува во соопштението.

Претходна вестМВР држеше предавања против дроги, џебни кражби, употреба на телефони за време на возењето…
Следна вестКупил телефон со фалсификувани 430 евра, измамена 58-годишна жена