ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски само озборува и пласира невистини, Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните

Стево Пендаровски само озборува и пласира невистини, Гордана Силјановска – Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните, соопшти денеска ВМРО-ДПММЕ.

Најголемата опозициска партија реагира на денешните наводи од тимот на Стево Пендаровски дека фактот што претседателската кандидатура на Силјановска не била поткрепена со потписи од граѓаните отвора дилема дали тие биле навситина собрани и полноважни.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека се свесни за интенцијата на Пендаровски и СДСM да продолжат со креирање на теми кои се надвор од реалноста.

-Ова е уште доказ за нивната единствена желба да го затскријат својот неуспех и пораз кои ги очекува. Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска – Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДС, се наведува во реакцијата.

Се додава дека поддршка од граѓаните е јасна и недвосмислена, а СДС и Пендаровски во истата ќе се уверат на 24 Април и 8 Мај.

-Му препорачуваме на Пендаровски барем во неговите последни денови од мандатот да ја напушти неговата најсилна карактеристика – озборување и пласирање на невистини во јавноста, наведуваат од оваа партија.

Претходна вестМопед удрил во паркирано „БМВ“ во Велес, двајца повредени
Следна вестСе продава руинираната фабрика „Купрум“ во Хром, просторот е предвиден за домување