Мопед удрил во паркирано „БМВ“ во Велес, двајца повредени

Две лица се повредени откако со мопед удриле во паркирано возило во Велес, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес, удрил во паркирано патничко возило „БМВ“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес“ информираат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Претходна вестСиндикалната минимална кошница за март 58.998 денари
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски само озборува и пласира невистини, Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните