ВМРО-ДПМНЕ: Перките од ајкула, станаа брашно, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење

Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење. Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10% ДДВ за овие производи.

Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли стамаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо.

Мизеријата на владата оди до таму што поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова според нив е резултат на влада која изгубила допир со реалноста, ова е резултат на влада која се заборавила во крадење на народни пари, и заборавила како живее мнозинството од народот.
Потребни се промени.

Претходна вестИма ли некој во ЈСП „Скопје“ да напише извештај зошто им се потребни 9 милиони евра?
Следна вестГрадот Скопје ја започна втората фаза од реконструкцијата на улица „808“ во Гази Баба