Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да ги понижува граѓаните, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Владеачката партија додава дека е очигледно дека СДС се нервозни од најновата анкета во која нивната партија има дополнително ослабнато споредено со изборите.
-Но тоа не е и не може да биде оправдување за да ги вреѓаат граѓаните. СДС не смее да го навредува народот, тоа што се спречени да крадат и затоа се најмногу нервозни треба да го земат за лекција, да се реформираат и да се исчистат од криминалци, а не да мечтеат за да продолжат по истите патеки каде што застанаа. Очекуваме извинување од СДС до граѓаните и осуда од сите чинители во државата. Ваквиот однос на политичка партија која претендира да биде најголема опозициска партија не смее да биде пракса, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.