ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

ВМРО-ДПМНЕ организира средби на своите градоначалници со граѓаните со цел да слушнат што се приоритетите кои треба да се сработат. Од партијата велат дека многу граќани дошле на средбите.

-Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промените се случуваат. Граѓаните ги креираат буџетите на општините според своите потреби и приоритети и со тоа директно учествуваат во создавање на подобар локален економски развој, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека имаат отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните преку исполнување на ветените проекти.

-Ова е прв пат граѓаните да бидат вклучени во креирање на своите општински буџети и самите да одлучат за кои и какви проекти ќе се трошат нивните пари, додаваат од партијата.

Секој предлог и идеја ќе биде разгледа, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните да ги посетат општинските згради и денес од 11 до 14 часот.

 

Претходна вестМожат ли македонските функционери да бидат достоинствени пред странци?
Следна вестЦело лето решавав информатички задачи, па освоив меѓународен медал