ВМРО-ДПМНЕ: СДС целосно да се реформира

Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на оваа партија се наведува дека нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност.

-Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство. Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е. Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња. И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира, побара ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претходна вестМакедонија убедливо поразена од Хрватска во Ријека
Следна вестКазнети 114 возачи во Скопје, 13 возеле без возачка