Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи. Наместо креирање на политики за подобрување на економијата и раст на животниот стандард на граѓаните, секојдневно на виделина излегуваат низа компромитирачки и неуспешни политики на СДС и ДУИ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Владеачката партија наведува дека овој пат според извештајот на ДЗР за 2023година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени многу нерегуларности.
-По контрола на ОЛАФ, поради злоупотреба со ИПА средства, средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата. Во Извештајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата. Парите кои се исплатени за злоупотребата кон ЕК, а СДС и ДУИ не успеале да ги наплатат од правното лице се доказ за неуспешноста и несериозноста на СДС и ДУИ кон државните ресурси и европските средства, се наведува во партиското соопштение.
Се додава дека со самото тоа СДС и ДУИ и нанесоа сериозна финансиска штета на Македонија и буџетот.
-Штетите од владеењето на СДС и ДУИ се огромни, а јавноста допрва ќе има можност тоа да го види, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.