СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната “Северна” не може да се излезе. На народот му натурија решенија кои го однесоа во ќорсокак, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија наведува дека Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски свесно го ставија народот во трошок, даваа лажни изјави, дека ќе важат личните карти и возачките дозволи, иако знаеа дека според договорот, кој го потпишаа, истите ќе важат само до февруари 2024-та година.
-До пред еден месец лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни, доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за завчера да мора на итна седница, во Собранието да се донесат законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи, за да се заштитат граѓаните. ЈО и Народниот правобранител, треба веднаш да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која го довела целиот народ во заблуда и материјално го оштетиле, се потенцира во партиското соопштение.
Се додава дека основните човекови права се загрозени и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ.
-Голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај во државата. На овие неодговорни кон својот народ и криминални политичари, мора да им се стави крајот, а тоа ги чека на 8 мај, тежок пораз од страна на граѓаните, а потоа следува одговорноста, која нема да изостане. Затоа народот вели дека државата е одземена. Никогаш не се живеело полошо, нагласуваат од оваа партија.