Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Национален џез оркестар

Во салата на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени дел од познатите хитови на Френк Синатра во интепретација на џез-пејачот Џон Илија Апелгрен со џез оркестар. Во салата на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени дел од познатите хитови на Френк Синатра во интепретација на џез-пејачот Џон Илија Апелгрен, придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар.

– Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач на 20 век“. Неговата харизматична појава се карактеризира со ретка комбинација на исклучителен вокал и способност да се биде шоумен, карактеристики кои му обезбедија дури три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд за неговата работа во филмот и музиката, се вели во соопштението на Национален џез оркестар.

Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната “Северна” не може да се излезе
Следна вест„Кастрирај го бившиот“, во САД Денот на вљубените се слави на неконвенционален начин