Вештачката интелигенција низ призма на историската наука, филозофијата, етиката, теологијата, класичните студии, педагогијата, социологијата, социјалната работа и меѓународната безбедност е тема на предавањата на реномирани научници од светот кои ќе учествуваат на 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што ќе се одржи од 19 до 22 февруари.
Оваа година предавања ќе одржат професори и истражувачи од партнерски универзитети од Европа, регионот и пошироко, меѓу кои: проф. д-р Вулф Канштајнер од Универзитетот „Архус“ во Данска, проф. д-р Фатима Румат од Универзитетот „Мохамед Петти“ од Мароко, проф. д-р Естер Раја Диез од Универзитетот „Ла Риоха“ од Шпанија, проф. д-р Марко Маринчиќ од Филозофскиот факултет од Љубљана во Словенија, д-р Љубиша Бојиќ од Институтот за истражување и развој на вештачка интелигенција на Србија и Институтот за филозофија и социјална теорија при Универзитетот во Белград и уште многу други.
-За нив е посебно привлечна можноста за вклучување во интердисциплинарен третман на темата, вели проф. д-р Маја Геровска-Митев, продекан за наука и меѓународна соработка на Филозофскиот факултет.