ВМРО-ДПМНЕ: СДС и купи партија на Арсовска, присуството на Зечевиќ и градската администрација кажува што е позадината

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на изборот на скопската градоначалничка за лидер на „Нова алтернатива“.

-Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС. Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија. Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна.

-Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата. Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива, наведе партијата.

Претходна вестПочина Југослав Тодоровски – поранешен градоначалник на Скопје
Следна вестСпасени лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица