Oпозиционерите реагираат на јавната расправа за иднината на универзална сала. Имено, за нив, Петре Шилегов денеска организираше фингирана расправа. Од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, додаваат дека поголемиот дел од учесниците во неа биле луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт.
-Изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Шилегов е на идеја да гради концертна сала во срцето на Градскиот парк со што, како што велат, дополнително ќе се уништи и зафати тој простор.
-Прашањето е на што да му се верува на Шилегов кога вели дека нема пари за реставрација на Универзалната сала или кога денес соопшти дека ќе има нова концертна сала, прашуваат советниците.