ВМРО-ДПМНЕ: Што има врска Демачи со Скопје, СДС ја уништува македонската историја

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го прашува СДСМ дали знаат чиј главен град е Скопје. Повод за тоа е нововоименувана улица.

-Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демачи. Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека „Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во Советот на Град Скопје насилнички беа преименети скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град“.

-Дали неспособните од власта на СДС знаат чив главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?

Улицата Втора македонска ударна бригата е преименувана во Адем Демачи, личност која нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави.

Оттука прашуваме дали советниците на СДС знаеле што гласаат во 2021 година во Советот?

Колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари.

Пиуните од СДС ќе останат запамтени како најголеми уништувачи на македонската историја и одбележувањето на историските личности и настани на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вест174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење
Следна вестНа „Табановце“ и „Богородица“ се чека 40 минути, кај Прешево километарска колона од српска страна