ВМРО-ДПМНЕ: Тунтев со плата од 3.300 евра, Ѓорѓиев – 1.700 евра…

Нови детали од аферата „Паразити“ објави денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција наведе нови примери на виски плати кои земаат функционери поставени од актуелната Влада.

-Дел од аферата „Паразити“ е и Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3300 евра, истакна Томовски.

Тој додаде дека, во Македонија каде народот не може да се прехрани, Тунтев зема годишна плата од 40.000 евра и за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.

– Дел од аферата “Паразити“ е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра. Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За година дена тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра. Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра, наведе Ивица Томовски додавајќи дека утре ќе соопшти и нови случаи.

Претходна вестПорше вади модел од 950KS, кој ќе чини пола милион евра
Следна вест11- годишнник од Британија има поголема интелигенција од Ајнштајн