ВМРО-ДПМНЕ тврди дека од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

РЕК Битола од денеска не произведува струја по хаваријата во Блок 3, а поради што во земјава се увезува скапа струја, соопшти денеска Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. Во објавата на Фејсбук најголемата опозициска партија тврди дека надвор од мрежа се трите блокови по тешка хаварија во котелскиот дел на БЛОК 3 која се случиласиноќа, а веќе подолг период по тешките хавари надвор од мрежа се Блок 1 и Блок 2.

-Денес, најголемиот производител на електрична енергија, стожерот на македонската енергетика е паднат на колена и наместо да произведува, троши скапа увозна струја со цел да не дојде поголема хаварија на постројките кои остануваат без внатрешно напојување! Во текот на ноќта испаднал БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната , кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен. Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци? Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим, кој вчера вечер се забавуваше во хотелот Молика пеејќи песни. Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? Дали СДС успеа во својот план конечно да го запре производството во РЕК Битола со тоа што ги уништи 3 блока?!, се наведува во синоќешната објава.

Партијата поставува прашање колку ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија, колку чини секој испад, поради нестручноста при санацијата?

-Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако знаеме дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500 000 евра? Бидејќи повеќе од 50 отстро од домашното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од РЕК Битола, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а цехот на крајот ќе го платат граѓаните. Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот речиси на минимум. Згора на сѐ, МЕПСО е под хакерски напад и не знаеме како ги управува постројките во електроенергетскиот систем. Раководствата на Електрани на Македонија, РЕК Битола и МЕПСО мора да понесат одговорност!, се наведува во соопштението.

Се бара „Владата во заминување веднаш да го разреши најнеспособното раководство на ЕСМ, да се поведе истрага и да се казнат виновниците со цел да не се дозволи прикривање на доказите!“.

Од компанијата ЕСМ се уште нема реакција на ова тврдење.

Претходна вестОд денеска во Скопје личните карти ќе се издаваат во надлежни полициски станици, според место на живеење
Следна вестСамо два маркети ли беа за затворање во бранот на поскапувања?