Од опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикаа на одговорност министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи веќе пет месеци не можат да откријат кој стои зад лажните дојави на бомби.
– Оливер Спасовски и МВР пет месеци не може да откријат кој се поигрува со безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Пет месеци граѓаните живеат во страв и паника, а Спасовски бега од одговорност и оставка. Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортниот центар, станбениот објект Џевахир Сити, ГТЦ, ТЦ Ист Гејт и Сити Мол се поставени екплозивни направи, а наместо пронаоѓање на сторотелите, МВР испрати бледо соопштение дека истите се лажни. Освен дека дојавите за бомби се хибриден напад, Спасовски ништо друго не презема и не одговара до каде е истрагата и кои си игра со безбедносниот систем на државата. Граѓаните се заложници на криминалната и неспособна влада на СДС и Ковачевски. Луѓе умираат како резултат на неспособноста на владата да обезбеди лекови, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија прашуваат уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави за бомби и што уште треба да се случи за Ковачевски да распише предвремени парламентарни избори?