ВМРО-ДПМНЕ: Владините „анти кризни” мерки се недоволни и задоцнети

„Анти кризните” мерки на владата предводена од СДСМ и ДУИ се задоцнети и нема да бидат доволни за пребродување на кризата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека овие мерки нема драстично да им помогнат на компаниите ниту ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

– Дванаесет дена им беа потребни на оваа неспособна власт на администраторот Ковачевски да ги прифати предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени продукти и намалувањето на акцизата на нафтените деривати. Иако Ковачевски, Пендаровски и целата влада знаеле уште пред четири месеци дека не очекува криза, тие не мрднале ниту со прст за носење на мерки кои ќе ја спречеа оваа економска криза, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта не сака да се откаже од непродуктивните трошења, како и од луксузирањето за да им помогне на граѓаните и компаниите.

– Додека Ковачевски на социјалните мрежи се фали за својата неспособност и неработа, цените во маркетите од ден на ден се зголемуваат, а граѓаните едвај преживуваат. Изминативе недели ги гледаме истите слики во продавниците, бензински пумпи како во времето на транзицијата во 90-тите години од минатиот век. Власт на СДСМ и ДУИ мора што поскоро да замине. Граѓаните секој ден се повеќе е загрозен нивниот стандард заради неспособноста и незнаењето на оваа криминална власт, порачуваат од оваа партија.

Претходна вестСтудено со температури до 9 степени
Следна вестПолицијата казни 217 возачи во Скопје, 33 возеле под дејство на алкохол